Бизнисменот Камчев еден од уапсените во „Империја“ на СЈО

 

Бизнисменот Орце Камчев е еден од приведените по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, дознава „Макфакс“. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

СЈО од 6 часот утринава вршеше претрес во „Орка холдинг“, компанијата на бизнисменот Орце Камчев. Од СЈО  ја потврдуваат информацијата, а Камчев беше недостапен за да каже од кои причини компанијата е под лупа на обвинителството, додека вработени во „Орка холдинг“ за „Макфакс“ сведочат дека обвинители од СЈО се влезени во главните простории на компанијата со асистенција на одделот за сузбивање организиран криминал и корупција, а дека другите компании во објектот работат нормално.

„Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство. Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот“, велат од СЈО.

 

 

 

09.11.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега