Блек Хок пренасочен кај село Подареш: Повторно се разбуди кракот кон радовишко
Повторно се разбуди кракот од Готен кај село Подареш, радовишко.
„Дејство на Блек Хок-от врз кракот пожарот над радовишкото с. Подареш - кој штотуку се разбуди“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Претходно овој чешки хеликоптер гаснеше од страната на Берово, ставајќи го под контрола овој крак од Готен.
30.07.2025 - 17:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа