„БМВ“ управувано од малолетник, излетало од патот - 6 лица се повредени
На 29.11.2021 во 01.15 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај с.Ржаничино, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син од с.Огњанци, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
30.11.2021 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа