Бочварски- Брнз: САД се наш стратешки партнер и нивната поддршка е од огромно значење за нашата земја

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари средба со американската амбасарока Кејт Мари Брнз со која разговарал за стратешките приоритети на Министерството и за капиталните проекти што се реализираат во земјава.

Посебен акцент бил ставен на комплетирањето и модернизацијата на патниот и железничкиот Коридор 8, како клучен за развојот на државава, но и за целиот регион. Разговарано е и за проектите за имплементација на Интелегентен транспортен систем и формирање на Агенција за безбедност во сообраќајот, како дел од Националната транспортна стратегија 2018-2030.

– Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и нивната поддршка е од огромно значење за нашата земја. Со амбасадорката Брнз разговаравме за реализација на капиталните инвестиции за изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура на паневропските Коридори 8 и 10 и процесот на гасификација на земјата. Разговаравме за важноста од нови странски инвестиции и учеството на американските градежни компании на меѓународните јавни повици за инфраструктурните проекти што ги реализираме во Република Северна Македонија, изјави Бочварски.

На средбата Бочварски ги презентирал и економските мерки што Владата ги презема за ублажување на последиците од Ковид кризата и изразил благодарност за поддршката што САД и ја даваат на земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа