Бочварски: Не е важно кој колку министерства добил - важно е да одиме напред кон ЕУ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска не прецизираше дали ќе остане министер во новата Влада.

Во изјава за медиумите, Бочварски рече дека најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето, а се останато е одлука на идниот мандатар.

– Најважно е дека правецот на државата останува, а тоа е интегрирањето во ЕУ. Се останато е прашање на идниот мандатар, кој со својот тим ќе донесе одлука да продолжи да ги движи овие важни процеси напред, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан

06.12.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега