Богдановиќ позитивен на Ковид

 

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ соопшти во средата дека се заразил со коронавирусот.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Почитувани сограѓани, И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го...

Posted by Саша Богдановиќ on Wednesday, 24 February 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа