Богоев: Со одлуката на Судот во Стразбур пропадна аболицијата на Иванов, а судството се ослободи од притисок

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 порача дека одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е победа на правдата и на аргументацијата на државата пред Судот.

Богоев истакна дека целта на подносителите на тужбата пред Европскиот суд е иста као и целата на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а тоа е за Никола Груевски, Сашо Мијалков и останатите воопшто и да нема судење, туку да се ослободат предвреме.

„Целата на аболицијата на Иванов и целата на ова во Стразбур е иста, воопшто да нема судење. Иванов уште пред да седнат на обвинителна клупа Груевски и компанија сакаше од старт да ги аболицира да воопшто да не дојде до судење.

Откако таа аболицијата под притисок на јавноста, со Шарената револуција Иванов мораше да ја повлече, тогаш се дојде до ситуација тие да мора да одат во Стразбур и тие повторно во Стразбур се повикуваат на аболицијата на Иванов, односно бараат воопшто да нема судење . Затоа ние велиме падна во вода аболицијата на Иванов и дополнително сега судот во Стразбур ги упатува Груевски, Мијалков и останатите, да се јават во судовите тука и да ги користат правните лекови во правосудството во Македонија, за кое тие и Мицкоски велат дека е корумпирано и под влијание на власта, но Европскиот суд не мисли така и ги упатува тука да ги користат правните лекови“ порача Богоев додавајќи дека со вчерашната одлука, од Стразбур и македонското судството се ослободува од притисок и може да продолжи да работи независно и професионално.

 

17.02.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега