Богоев: Во ВМРО-ДПМНЕ има структура која поинаку размислува од Мицкоски и позитивно гледа на европскиот пат

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интревју за ТВ21 кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група на луѓе кои не размислуваат исто како актуелниот лидер и тесното раководство на партијата и сакаат да го поддржат европскиот пат на државата.

„Има таму едно поголемо, посериозно, проевропско крило, кое не го составуваат само пратеници, туку во тоа проевропско крило на ВМРО-ДПМНЕ има и градоначалници на сериозни општини, функционери на партијата. Јасно е дека референдумот е за внатрешна употреба, односно по неуспешните обиди за дестабилизација на државата и преврат на власта со протестите летово и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја создаваа, сега повторно мора нешто да се „продаде“ на членството во ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Богоев.

Богоев вели дека таа група во партијата сакала да го поддржи европскиот пат на државата а во оваа насока и можноста за уставни измени.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и Левица никаде не ги доведе ова работење против стратешките интереси и ширењето хистерија. Тоа се покажа и на вонредните избори каде им се случи дебакл“, смета Богоев.

05.09.2022 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега