Богоевски: После на „непријателот“ ќе му препишат дека не добиле премиер Албанец

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во својот статус на „Фејсбук“ смета дека ДУИ ќе ја зголеми националистичко-популистичката реторика и дополнително ќе го одржува своето членство откако нема да им биде прифатена идејата на чело на владата да биде поставен прв премиер Албанец на Македонија.

„Ова е тоа ефтино националистичко и популистичко политиканство, друштво. Прво ќе го наполнат гласачкото тело со националистичка реторика која немаат ниту шанса, а ниту намера да ја реализираат - потоа глумат разумни и зрели политичари повикувајќи на смиреност и дијалог.

Тоа што останува како последица не е само горкиот вкус кај сите кои следат од страна, туку и многу реална празнина и разочараност кај населението кое го оставиле да очекува работи кои никогаш нема да се случат. Ова чуство, повторно преку популистичка реторика ќе му се препише на "непријателот", па потоа ќе се ветуваат уште поголеми и порадикални работи - во зависност од потребите на некоја идна изборна ќампања.

И така, се' во еден голем круг на креирање омраза. Повторно и повторно. Истото се случува и со македонските партии со националистичка реторика, само што тие не ветуваат премиер Албанец. Тие ветуваат нешто уште понереално - надеж за поништување на договорите со Бугарија и Грција и укинување на Рамковниот договор, оставајќи уште поголем гнев кај граѓаните кои потоа утехата ќе ја бараат во нов, уште порадикален глас со уште порадикални ветувања.

п.с. Процедурата не е како што ја опишува Османи. Формирањето влада не е отворена трка каде кој стигне собира потписи бркајќи го мандатот, туку прецизна процедура, каде мандатот прво му се доделува на победникот кој има рок да оформи мнозинство. Доколку не успее, мандатот се доделува на вториот, итн. Од 2016 г., практиката е вториот мандатор да достави потписи од 61 пратеник за да го добие мандатот. Допрва ќе видиме дали и како ќе се применува ова правило“, пишува Богоевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега