Боки 13 е повторно во болница, состојбата му е влошена

Бојан Јовановски е повторно во болница поради влошена здравствена состојба, јавува „Република“ повикувајќи се на болнички извори.

Тој се наоѓа во Градската болница „Св. Наум Охридски“ и му се укажува лекарска нега откако прокрварел поради последици од хируршкиот зафат кој му беше направен пред две недели.

Тој во петокот беше вратен во затворот Шутка, но попладнево состојбата повторно му се искомплицирала.

Се уште е неизвесно дали тој ќе остане под лекарска грижа или ќе биде однесен во Шутка каде нема услови за негова рехабилитација.

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ треба да продолжи на седми октомври но сега тоа е неизвесно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа