Боки 13 едвај се смири: Побара да изрази сочувство за починатиот Малиќи а судијката му упати писмен укор и последна опомена

Судскиот совет на Кривичниот суд на седница одржана на 30 минатиот месец го одбил барањето на Бојан Јовановски првообвинет во случајот “Рекет 2” со кое барал изземање на судечкиот судија Софче Гаврилова-Ефремова. Ова на денешното рочиште беше соопштено од самата судијка по добиената писмена одлука од претседателот на Основниот суд Скопје 1, објавува Слободен печат.

На почетокот на денешното рочиште во овој случај Јовановски од судечкиот судија побарал можност да изрази сочувство за починатиот заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, кој почина од коронавирус, барање му беше одбиено бидејќи не му е дадено правото за збор. Судијката Гаврилова-Ефремова до Јовановски на записник упатил писмен укор и последна опомена да не зборува кога не му е даден збор, во спротивно ќе биде истеран од судница.

Откако пропаднале обидите на Јовановски да дојде до збор, тој се смирил, по што се создале услови за продолжување на главната расправа на процесот.

Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега