Боки 13: Ќе ме ослободеа ако кажев дека Катица е виновна

Јас одев на седумдневен одмор во Грција, а не како што вели Русковска дека сум сакал да побегнам. Тоа е ноторна лага. Ноторна лага е и тоа дека сум возел 200 на час и дека сум побегнал, рече Бојан Јовановски, откако неговиот адвокат Сашо Дуковски побара да му се укине затворскиот притвор на Јовановски, пренесува „Плус Инфо„.

– Мојата здравствена состојба стана шпанска серија, немојте судијке на мене да тренирате правда – рече Јовановски кој се обрати пред судечкиот совет барајќи притворот да му се замени со поблага мерка, односно со домашен притвор.

-Терапијата што ми ја препишаа лекарите не може јас да ја примам во затворската ќелија во која јас сум повеќе од седум месеци. Таму не ни примам терапија. А морам да кажам дека немам намера да побегнам. И не само ова, сметам дека е дискриминирачки тоа што немам формирано семејство да се зема предвид при одредувањето притвор – додаде Јовановски кој нашироко и објаснува на судијката зошто е неправедна мерката затворски притвор.

 

Тој веќе половина час ја уверува судијката дека ќе доаѓа на рочиштата, дека нема да бега и побара судечкиот совет да донесе правилна одлука.

Јовановски се пожали дека постојано има притисоци.

– Ако постапам како што постапи Кичеец и ако кажев дека Катица е виновна или дека Фросина земала пари ќе ме ослободеа – рече Јовановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега