Боки 13 се заканува од затвор: „Знам како крадат Заев и Харадинај“
Српскиот весник „Информер“ на својата насловна страница објави фотографија и наслов поврзан со случајот „Рекет“ кој деновиве ја тресе македонската јавност.
„Боки 13 се заканува од затвор: Знам како крадат Заев и Харадинај“ е насловот на насловната страница во српски „Информер“. Во поднаслов е напишано: Бојан Јовановски кој во Скопје е уапсен поради милионскиот рекет порачува дека доколку наскоро не го пуштат, ќе објави бројни докази за криминалниот врзан режим во Скопје и Приштина.
Целиот текст тие го најавуваат во нивното печатено издание.
14.08.2019 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа