Боки13 повторно заврши во болница

Бојан Јовановски познат како Боки13 кој е првоосомничен во случајот Рекет, повторно е однесен во болница.

Прво осумничениот во „Рекет“ бил итно однесен во градската болница „8 – ми Септември“, откако му се слошило, пренесе Алсат.

Неговиот адвокат апелираше дека Боки 13 мора да излезе од притвор и затворскиот крвет да го замени со болнички. На Боки13 му се слоши и кога требаше да даде исказ пред Вилма Русковска за случајот, а го изнесоа од Брза помош со носилки.

Македонскиот шоумен веќе три месеци е во притвор во Шутка, како прво осомничен за изнуда на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев. 

Второосомничен е бизнисменот Зоки Кичеец, а третоосомничена е Катица Јанева која денеска се враќа од болница во затвор.

Само Кичеец е во домашен притвор за случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега