Болеста ја криеше од јавноста: Ѕвездата на Нетфликс ја загуби битката со ракот на 38 години

Актерот Николас Тучи почина во 38. година по неуспешната борба со ракот.

Тучи е најпознат по улогите во Нетфликс филмовите „You’re next“ и „Channel Zero“.

Неговиот татко ја објави оваа вест на социјалните мрежи, додавајќи дека Николас бил доволно храбар сѐ да задржи во приватната сфера, за болеста да не влијае на неговата работа.

-Ник се одлучи својата болест да ја држи што е можно подалеку од јавноста за да може да ги исполнува професионалните и уметничките соништа. Во својата последна година од животот успеа да ја работи работата која ја сакаше, се вели во пораката.

08.03.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега