Болните од ковид-19 и лицата во изолација гласаа пред куќниот праг

И покрај отпорот кај дел од здравствените работници кои не сакаа да бидат дел од посебните избирачки одбори, од ДИК велат дека се формирани тимови за секоја општина каде има пријавно гласачи болни или сомнителни на ковид-19, објави 360 степени.

За сите ова е прво вакво искуство – да се организираат избори под посебни протоколи со посета од врата на врата кај лицата кои се во домашен карантин.

Членовите на избирачките одбори рано утринава ги донесоа избирачките кутии и заведоа онолку ливчиња за гласање колку што има пријавени гласачи во изолација во нивните избирачки места. Нивната работа засега завршува тука.

После тоа, избирачкиот материјал преминува во рацете на здравствените лица кои во заштини одела, маски, ракавици и визири,  ги посетуваат домовите на гласачите.

„Во Општина Центар се пријавени 18 лица за гласање на 11 локации, значи на некои места има и повеќе пријавени лица на иста адреса. Медицинските тимови штом завршат нас ќе ни се јават, ние повторно ќе ги повикаме избирачките одбори да дојдат и да го преземат материјалот. Нивната работа е слична како кога гласаат болни лица. Посебниот избирачки одбор пак, е обучен и се се одвиваше мирно и нормално“, изјави Дејан Дамјановски, претседател на Општинска изборна комисија во Општина Центар.

Екипата на „360 Степени“ го следеше комбето на медицинскиот тим во Центар и проследи дел од гласањето кое се одвива пред прагот од домот на гласачот.

Здравствената екипа не влегува внатре. Гласачот излегува пред врата и се легитимира. Со заштитни ракавици и маска го зема гласачкото ливче, гласа а ливчето прво го става во плик, па во гласачката кутија. Тимот е опремен и со дополнителна заштитна опрема, во случај гласачот да нема своја. Гласањето трае кратко, по што тимот оди на друга локација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега