Бомба фрлена врз автомобилот на Лазар од Белград - на полицијата ѝ е познат од претходни злодела

Автомобил од марката „порше“ кој експлодираше на Врачар откако врз него беше фрлена бомба го користел Лазар В, кој во крајот на јануари 2017 година му пукал во нога на Никола Вавиќ.

Иако возилото припаѓало на таткото на Лазар, сепак тој најчесто го возел.

Понатамошната истрага би требало да утврди дали во овој случај станува збор за класична опомена или пак Лазар избегнал атентат, со оглед на тоа дека во моментот на експлозијата не бил во автомобилот.

Никола Вавиќ и неговиот пријател Милош Николиќ се расправале ноќта меѓу 28. и 29. јануари 2017 година во познат клуб во Белград со група момчиња меѓу кои бил и Лазар.

Конфликтот започнал во тоалетот на клубот, а продолжил со тепачка на сепрање, па завршил со пукање пред локалот, после што Лазар В. бил уапсен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега