Борба во владината коалиција: БЕСА ќе соработува со Алијанса во вториот круг од локалните избори

ДУИ и БЕСА, албанските коалициски партнери во Владата се разделија пред вториот круг на локалните избори. БЕСА денеска ги повика своите гласачи да гласаат за кандидатите на Алијанса за Албанците. Но, исто така, тој побара и од гласачите на АА/А да гласаат за кандидатите на БЕСА со оглед на тоа што Движењето има големи шанси за да добие градоначалници во Тетово и Желино.

-Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори наметнува јасен став на  Беса против старите политики на овие две политички партии кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуваат само за да се заштитат едни со други. Затоа во вториот круг од локалните избори сите гласачи на  Беса да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците, рече денеска на прес-конференција генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Арјанит Хоџа.

Сепак, тој во својот повик не ја спомена Алтернатива која е во коалиција со Алијанса.

25.10.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега