Борисов: Мирно спиев кога разбрав дека Северна Македонија нема да нѐ нападне и да ни го земе Банско

Минатата ноќ првпат спиев мирно откако вчера разбрав дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со подарените тенкови и нема да има територијални претензии. Нема да ни го земат Банско, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов по посетата на сегашниот премиер а Бугарија, Кирил Петков на Скопје.

„Кон што да имате претензии? Ние сите сакаме да сте дел од ЕУ, први ве признавме, први ве поддржавме за НАТО. Но, да кажеш дека историјата не е важна е исто како да си умреш како овца без историја“, рече Борисов, пренесува МКД.мк

Тој потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.

„Минавме низ многу тешки, многу несреќни настани за нашата историја, но секогаш сме се воздигнувале и победувале, за што сите се гордееме дека сме Бугари“, рече Борисов, забележувајќи дека Петков е прв државник којшто првпат оди во Македонија, без да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

19.01.2022 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега