Борисов: Нема да ги зајакнеме мерките, подобро е сега да има повеќе заболени

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека иако бројот на заразени со коронавирусот во Бугарија се зголемува, нема да има зајакнување на рестриктивните мерки.

-Сметам дека ако започнеме со зајакнување на мерките, тоа ќе внесе паника како и создавање на поголем ризик за целиот стопански живот, вели Борисов.

Побара од граѓаните поголема дисциплина околу држењето на соодветно растојание, редовна хигиена и избегнување на поголеми собири.

Според него, вирусот во овој момент е ослабнат.

-Подобро е сега да има повеќе заболени зашто јачината на вирусот не е ни од далеку како онаа во октомври и ноември, рече Борисов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега