Босанска пејачка уапсена за убиство - Сама се пријавила во полиција

Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ, пејачка од Босна и Херцеговина, е уапсена за убиството на 55 годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во местото Буна крај Мостар.

20-годишната пејачка според локалните босански медиуми, сама се пријавила во полиција, а од извори на полицијата, се потврдува дека Сунита била донесена од Травник во Мостар со двете нозе во гипс бидејќи и двете нозе и биле скршени, а моментално трае распитот.

Насилството не и било непознато на локалната пејачка која и порано е приведувана за насилство и арогантно однесување во полиција. 
 

Сунита има Фејсбук профил кој изобилува со полуголи фотографии, пеела по кафеани, а често се фалела дека била избрана за мис на Херцеговачко-неретванскиот кантон во БиХ.

Таа има поставено и видео на Јутјуб, прекукое и се обраќа на јавноста, кое своевремено беше хит.

 

 

Таа неколку пати за медиумите во Србија и Босна изјавуваше дека е бремена, дека татко на детето е српскиот пејач Стефан Јаковлјевиќ кој ја терал на проституција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега