Божиновски: Сведоци сме дека правдата и законите не важат подеднакво за сите

 

Игор Божиновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција од Крива Паланка посочи дека правдата и законите во Република Македонија не важат еднакво за сите, особено, како што рече, кога станува збор за Зоран Заев и неговите соработници.

- Сведоци сме дека пред два дена, токму овде, во Крива Паланка Зоран Заев даде една изјава со која прекрши некочку закони во Република Македонија. Поминаа 48 часа, а се уште немаме никаква реакција од јавниот обвинител на Република Македонија. Поминаа 48 часа откако Заев јавно призна дека врши поттик и поткуп на гласачкото право во Република Македонија. Се врши поткуп и принуда на граѓаните да излезат на претстојниот референдум. Јавно призна дека разговарал со еден газда да го стимулира и поттикне својот кадар масовно да излезе на претстојниот референдум. Со оваа негова изјава се врши признание со кое се прекршуваат четири закони кои го тангираат изборното право. Ќе го споменам само Кривичниот закон и членот 162 кој вели дека секој оној што ќе врши принуда или ќе даде дар за избирачки глас ќе се казни со казна затвор до пет години. Ова е срам за правосудниот систем што дури и по два дена од изјавата на премиерот, обвинителството молчи, рече Божиновски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави доколку надлежните институции не ги преземат соодветните мерки.

- Не знам зошто Зоран Заев кој толку многу зборуваше за дебата, сега бега од соочување со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Зоран Заев мора да излезе и да се соочи не само со Мицкоски, туку и со граѓаните и да одговори зошто го потпиша договорот со кој е изгубен македонскиот идентитет и инстититуционален идентитет и зошто според член 8 од договорот ги прифати обврските за ревидирање на образованието, историјата и археологијата, додаде Божиновски.

Како што рече, граѓаните на Македонија се суверени и секој според сопственото убедување ќе одлучат дали на референдумот на 30 септември ќе излезат или нема да излезат. 

 

 

 

14.09.2018 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега