Брачен пар од Гевгелија измамен: Скопјанец лажно им ветувал дека ќе ја забрза процедурата да посвојат дете

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија на 18.03.2020 поднесе  кривичнa пријавa до ОЈО Гевгелија, поради постоење основано сомнение дека лицето А.С.(36) од Скопје сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик. 

Имено, во текот на месец април 2019, тој го довел и го држел во заблуда оштетениот Ќ.Г. од Гевгелија, лажно прикажувајќи му факти и ветувајќи му дека може значително да ја забрза постапката за посвојување на дете, пред посебна комисија при Министерство за труд и социјална политика, која постапка, оштетениот и неговата сопруга ја започнале претходно, а пријавениот лажно го убедувал дека познава лице кое е вработено во комисијата, при што го натерал оштетениот на 12.04.2019 да му исплати на пријавениот 180.000 денари на трансакциска сметка, која била во сопственост на лицето В.Т. од Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега