Брат и сестра од БиХ починале од отровна билка - мислеле дека е див лук, а нивните тела биле пронајдени по 15 дена

61-годишната Милка Илиќ и нејзиниот 57-годишен брат Недељко Илиќ од Босна и Херцеговина, кои се пронајдени мртви во четвртокот, починале од отровна билка.

-Се верува дека сакале да наберат див лук, но дека наместо тоа набрале и изеле отровна билка - пишуваат босанските медиумите.

Од што точно починале официјално ќе биде соопштено после истрагата, која во овој случај е продолжена по налог на обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.

Илиќ биле мртви 15 дена, а нивните тела биле пронајдени во нивниот дом. Милка била пронајдена во домот, додека Недељко во дворот, а телетот му било растргнато од диви животни.

Тие двајца живееле во трошна куќа, а воделе неуреден живот уште од мали нозе.

Мајка им за време на војната настрадала во пожар, нешто подоцна останале без татко, а со оглед на тоа дека не биле способни за самостоен нормален живот, зависеле од хуманите луѓе.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега