Братот на Ел Чека повикува на протест: „Доста го пцујат албанскиот народ и албанските мајки“

Блерим Ахмеди, братот на „Ел Чека“, во изјава за весникот „Лајм“, ги поканува Албанците повторно да се приклучат на протест на 14. септември во Скопје.

– Овој протест ќе го започнеме од плоштадот Скендербег во Скопје, а потоа ќе маршираме кон македонскиот парламент. Причината за протест останува иста. Веќе неколку години протестираме против носењето на ДУИ на власт, екстремното влошување на позицијата на Албанците во Македонија, придружено со масовното иселување на албанската младина, потоа заради убивањето на Албанците, затворањето, монтираните случаи и многу многу други планови против правата на Албанците, рече Блерим Ахмади.

Додава дека се слушаат и прислушкувани разговори на кои се сслушаат гласови на лидерот на ДУИ и неговите партиски колеги кои “на нај варварски начин го исмејуваат, навредуваат и го пцујат албанскиот народ и албанските мајки“.

Инаку, Ел Чека стана познат со објавувањето  прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица.

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против него, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега