Бразилците „на апарати“: Нејмар го повреди зглобот - ќе го продолжи ли првенството?

Иако Бразил изојува победа над Србија вечерва во Катар на Светското првенство 2022 година, сепак се појави голем проблем кај Нејмар. 
Фудбалерот си го повреди зглобот и се уште не е јасно дали ќе го продолжи првенството.
 
Нејмар од игра излезе во 79. минута, седна на клупата, ја покри главата со дресот и кај него пристигна лекар кој му го проверуваше десниот зглоб.
 
Се уште не е откриено дали се работи за сериозна повреда или е само болка од обичен удар.
 
Додека не се дознае тежината на повредата на Нејмар, Бразилците ќе треперат, тој е главниот играч на репрезентацијата.
24.11.2022 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега