Бремена жена претепана од три лица - се породила со итен царски рез во Рим

Бремена жена во осмиот месец од бременоста била претепана од тројца мажи во метрото во Рим, поради што морала да го роди бебето со итен царски рез. Мајката како што пишуваат тамошните медиуми моментално е во тешка состојба.

Бебето родено со царски рез е добро, но мајката кога ќе и се стабилизира состојбата ќе мора да го оперира и лицето бидејќи напаѓачите и ја скршиле вилицата.

Станува збор за 40 годишна жена, мајка на дванаесет деца која одбила да проси и да краде.

„Мислев само на син ми во стомакот. Морав да го заштитам и затоа ги држев рацете на стомак. Затоа ме удираа така во лицето, тоа беше единственото место каде што можеа да ме повредат. Во еден момент се сокрила под седиштето, а напаѓачите кога се отвориле вратите на метрото, побегнале“, раскажала жената.

Како што изјавила, група насилници ја претепале затоа што не сакала повеќе да краде.

„Мора да заработиш повеќе“, ѝ рекле насилниците додека ја тепале.

Со мажите имало и две жени кои ја снимиле целата сцена и ја објавиле на социјалните мрежи, а како што вели и тие побегнале како и насилниците.

„Ги испратија да ме убијат бидејќи не сакав повеќе да крадам. Ме нападнаа и имаа месингани боксери во рацете. Ме удираа и со шишиња”, додала таа.

Отворена е истрага за настанот а деталите според написите ќе се утврдуваат во наредниот период.

Според италијанските медиуми, станува збор за тројца мажи кои престојуваат во ромскиот камп „Кастел Романо“.

08.04.2024 - 22:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега