БРИМА: Не е точно дека не сме спровеле анкета, ние не ја објавивме, туку клиентот

Наводите дека Брима воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека Брима не ја објавила анкетата, а истата ја спровела во наведениот период.

Ова стои во денешната реакција на Брима, откако дел од медиумите објавија дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.

Во анкетата водство има СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку се одржат праламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, 18,7 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, поддршка од 15,1 процент би добила ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ би гласале 8,2 отсто од испитаниците, а Алијанса за Аалбанците би освоила 4,9 проценти од гласовите. Шестнаесет проценти од анектираните навеле дека нема да гласаат.

-Ве известуваме дека Брима четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социополитички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на Брима. Овие податоци кои се сопственост на Брима ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив, се вели во реакцијата.

Истражувањето во јунскиот бран е спроведено од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета на национално репрезентативен примерок од 1174, испитаници на возраст над 18 години.

-Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување,  се додава во реакцијата на Брима.

На прашањето во анкетата на Брима Галуп во кој политичар имаат најголема доверба 9,4 проценти од анкетираните го посочиле претседатело на СДСМ Зоран Заев, 4,2 отсто поддршка му дале на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што следуваат Венко Филипче и Стево Пендаровски. Поддршка од 2,9 проценти има Зијадин Села, додека Али Ахмети според анкета ужива доверба од 2,8 отсто.

Со анкета денеска излезе и Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), кој спровел кратко телефонско истражување во периодот меѓу 2 и 5 на 1087 полнолетни испитаници на ниво
на Република Македонија.

Во анкетата на ИПИС ВМРО-ДПМНЕ е со благо водство, пред СДСМ. На прашањето „За која партија ќе гласате на парламентарните избори на 15 јули?“, 21,9 се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција СДСМ и Беса добила поддрпшка од 19,8 отсто, ДУИ има поддршка од 5,9 отсто, Коалицијата  Алијанса за Албанците и Алтернатива 4,2 отсто, Левица, 1,3 проценти, ДПА 0,9 отсто. Анкетата покажува дека 12,1 отсто од граѓаните нема да се определат за ниту една партија.

Анкетираните во истражувањето на ИПИС најголема доверба имаат Христијан Мицкоски – 19,2 отсто, зад него е Зоран Заев со 17,6 проценти, на Али Ахмети му веруваат 6,5 отсто од испитаниците, на Зијадин Села 3,9 отсто, на Димитар Апасиев 1,1 отсто, на Африм Гаши еден процент, на Билал Касами 0,9 отсто, на Мендух Тачи 0,8 проценти. На ниту еден политичар не веруваат 26,6 отсто од граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа