Британците поради жештините го преплавија плажите: Заборавија на коронавирусот,а полицијата ги молеше да си заминат (ВИДЕО)

Топлотен бран ја погоди Велика Британија, поради што илјадници луѓе се собраа на плажите. Факт е дека ова беше втор најжешкиот ден во годината во Велика Британија, но властите беа „шокирани“ од сцените од Бурнмут и „неодговорното однесување на толку многу луѓе“.

Температурата на југот на Англија надмина 33 степени, а Британците очигледно заборавија дека жртвите од коронавирусот сè уште се бројат. Ова беше исто така еден од најтешките денови за службите за итната помош.

Полицијата буквално ги молеше луѓето да сетргнат или да си заминат, но наместо граѓанска послушност, издадоа дури 558 казни за паркирање, што е рекорден број на едно место во толку краток временски период.

Од плажите беа извадени 33 тони ѓубре, а евидентирано е илегално кампување и антисоцијално однесување - пијани посетители кои дури и се тепале.

„Толку многу луѓе се шокирани. Немавме друг избор освен да го прогласиме ова за голем инцидент и да иницираме итен одговор“, рекоа властите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа