Британците префрлуваат пациенти од болниците во хотели

Голем број пациенти во Британија ќе бидат преместени во хотели за да се намали притисокот врз Националната здравствена служба (NHS).

За време на пилот програмата, која ќе трае три месеци, до 15 пациенти ќе добијат нега во хотел во центарот на Норвич, соопшти NHS Норфолк. Пациентите со Ковид-19 нема да бидат префрлени во хотели.

Пилот програмата, која треба да започне за неколку дена, е наменета за пациенти кои можат да ја напуштат болницата, но имаат потреба од дополнителна нега пред да се вратат дома.

„Оваа мерка ќе помогне да се забрза протокот на пациенти низ локалните болници за да можеме да имаме повеќе кревети за оние на кои им е најпотребно“, рече Кет Бајфорд, главна медицинска сестра на Групата за клиничко работење (CCG).

„Персоналот на NHS работи неуморно за да се осигура дека луѓето ќе ја добијат потребната медицинска нега што е можно побрзо. Оваа иновативна пилот-програма ќе обезбеди краткорочна и безбедна средина за оние кои се подготвени да ја напуштат болницата, но сепак им е потребна медицинска поддршка, “, додаде таа.

За пациентите кои престојуваат во хотелот ќе се грижи персоналот на давателот на нега Abicare, пишува Evening Standard.

„Сакаме да помогнеме каде што можеме и да бидеме флексибилни во одговорот на тековните предизвици во системот. Имаме повеќе од двегодишно искуство во водењето центри за нега и веруваме дека нивниот успех зависи од кооперативниот пристап усвоен од CCG како Норфолк и Вејвени.“ изјави Ен-Мари Пери, извршен директор на Abicare.

„Хотелите за нега се одличен пример за проактивно краткорочно решение кое ги користи ресурсите што постојат во заедницата“, додаде таа.

 

21.01.2022 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега