Британија ја засилува кампањата за вакцинација: Индискиот сој на коронавирусот сериозна закана

Обединетото Кралство ќе ја интензивира кампањата за вакцинација на местата каде е откриен индискиот вид, со цел побрзо да ги заштити граѓаните, изјави денеска Надим Захави, британскиот министер задолжен за вакцинација.

Ројтерс потсетува дека Велика Британија спроведе една од најбрзите кампањи за вакцинирање во светот, бидејќи близу 70 проценти од граѓаните примија барем една доза, а ревакцинирани се 36 проценти, со што се намали бројот на новозаразени и пчинати.

Премиерот Борис Џонсон предупреди дека новите видови, како и индискиот, можат да претставуваат закана.

Државната институција Јавно здравје на Англија (ПХЕ) објави во четвртокот дека минатата недела двојно се зголемил бројот на откриени случаи ифицирани со индискиот сој на коронавирусот и сега изнесува 1.313.

Захави рече дека во областите каде се појави овој вид, владата ќе го интензивира тестирањето и дека сите жители ќе бидат поканети да направат тест за PCR, со цел властите да утврдат колку брзо се шири вирусот.

Тој рече дека вакцините ќе им бидат понудени на помладите ако живеат во домаќинства со повеќе членови, а во моментов на ред се вакцинираат возрасните граѓани постари од 38 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега