Британската полиција заплени кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени околу тон кокаин сокриен во гајби со овошје од Јужна Америка, а уапси и двајца мажи.

Според проценките, вредноста на запленетиот кокаин е околу 128 милиони долари, а пронајден е во пристаништето Довер на југоистокот на Англија, пренесува Ројтерс.

Уапсени се мажи на возраст од 40 и 64 години кои се сомничат за увоз на дрога од „А“ класа, а полицијата дрогата ја открила дешифрирајќи ги пораките на организаторите.

-Оваа операција спречи влез на улиците на голема количина на кокаин, изјави еден од инспекторите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа