Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Се очекува британската Влада до 2025 година да ја отстрани опремата на кинеската компанија Хуавеј од националната 5Г телекомуникациска мрежа, објави лондонскиот весник „Телеграф”.

 

Весникот наведува дека британскиот министер за култура Оливер Доуден најави дека на 14 јули пред Парламентот ќе даде изјава за Хуавеј.

„Телеграф” истакна дека и министрите во Владата на премиерот Борис Џонсон бараат опремата на кинеската компанија да биде отстранета од британскиот телекомуникациски систем.

Амбасадорот на Кина во Лондон, Лиј Џиаоминг минатата недела предупреди дека отстранувањето на опремата на Хуавеј ќе испрати „лоша порака до кинеските бизнисмени”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега