Брнабиќ: Името на новиот премиер ќе се знае за седум до осум дена

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека консултациите на Српската напредна странка околу изборот на мандатарот и новата Влада на Србија ќе почнат попладне.

„Консултациите во СНС ќе траат два дена, по што ќе има консултации со другите партии“, изјавила Брнабиќ.

Според Брнабиќ, Србија сè уште нема влада бидејќи само што е конституиран Парламентот, како и дека тоа што ќе бидат приоритетите и темите на новата влада ќе остане за новиот мандатар.

08.08.2022 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа