Бројката постојано расте: Во Германија 6.868 новозаболени од коронавирус
Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 6.868 нови случаи на коронавирус, а 47 лица починаа, објави Институтот „Роберт Кох“.
Вкупно 373.167 лица се заразени во земјата од почетокот на епидемијата, од кои 9.836 починале, пренесува „Ројтерс“.
Во последните 24 часа во Украина е забележана рекордна смртност кај ковид-пациенти – 113 смртни случаи.
Украинскиот Совет за национална безбедност објави дека досега се потврдени вкупно 309.107 случаи на Ковид-19, 5.786 починати и 129.533 излекувани пациенти, објави „Ројтерс“.
20.10.2020 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа