„Бројките намалени, состојбата се уште критична“ - Теута Арифи за ситуацијата со коронавирусот во Тетово

По денешниот состанок на Кризниот штаб при општина Тетово за справување со Ковид-19 градоначалничката Теута Арифи оцени дека иако бројките на новозаболени се намалуваат, состојбата останува критична. Според податоците на штабот во Тетово и петте рурални општини вкупно дијагностицирани се 3811 лица, од кои 2606 лица се излекувани,  151 се починати, со што има 961 активен случај.

Во тетовската клиничка болница во моментов 45 лица  се на кислородна поддршка, а случаите  со средна и лесна клиничка слика  добиваат соодветен здравствен третман во домашни услови под надзор на матичните лекари. Во текот на изминатата недела, бројот на нови случаи е незначително намален , но епидемиолошката состојба иако е стабилна, останува критична, изјави Теута Арифи.

Намалување на бројки за заболени има и во образовните установи под капа на тетовската општина.

-Во градинките има 2 активни случаи, без група во изолација. Има 14 позитивни наставници во основните училишта, а 4 паралелки се во изолација. Во средните училишта има 14 позитивни професори, информираше Теута Арифи.

Во текот на изминатата недела, полицијата на вкупно 493 лица има издадено платни налози за полесни прекршоци, во согласност со Член 6 од релевантната уредба на Владата. Нови решенија за изолација има за 647 лица, биле извршени проверки на околу 1214 лица, при што нема прекршувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега