Бројот на заболени во Италија се зголеми за четири пати - затворени јавни места во неколку населени места

Бројот на забелени од новиот коронавирус во Италија порасна за четири пати, и сега изнесува 17, соопштија вечерва претставниците на италијанското здравство.

Поради ширењето на новиот вирус властите се принудени да ги затворат училиштата, рестораните и продавниците.

Новата група на заболени е регистрирана во неколку помали градови југоисточно од Милано.

-Ова можеше да се очекува, иако се надевавме дека нема да се случи, изјави раководителот на локалните здравствени служби, Џулио Галера.

Првата личност кај која е регистиран вирусот од новата групата е 38-годишен Италијанец кој на 21 јануари се сретнал со личност која дошла од Кина.

Тој во моментот е во критична состојба во болница, а вирусот е регистриран и кај неговата сопруга и пријатели, соопштија претходно локалните власти.

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца изјави дека Италија сега ја погодуваат слични локални појави на коронавирусот како што тоа беше случај со Франција и Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега