Бучковски: Според Договорот Бугарија добива признание за заедничка историја а ние признавање дека сме два различни народи

Во своето гостување на Студио 10, назначениот претставник за преговорите со Бугарија, професорот Владо Бучковски, одговори на тоа што ново може да донесе неговото присуство во овој процес.

„Може да испрати сигнал за нашата добра воља и решителност, како Георгиевски и Малевски кои се луѓе кои се ангажираа за пријателство со Бугарија. Посакуваме решение до 9. декември, но ние сме посветени и убедени дека можеме да дојдеме до заедничко решение. Нема да останеме понижени, тоа нема да го дозволам ниту јас ниту Владата да биде загрозен нашиот идентитет.

Нам ни се брза, но објективно се соочуваме со ситуација во која бараме решенија, поради ставот на Бугарија дека има забелешки“, посочи Бучковски.

Бучковски вели дека треба да ги оставиме историските работи на назначената комисија за историјата, а ние треба да преземеме други чекори. Тоа не значи дека треба да стравуваме од некој поинаков протокол или меморандум, но е сигурно дека нема да загрози ништо од рамката опфатена со Договорот кој беше постигнат во 2017. година.

„Ова е предизвик за мене, убеден сум дека ќе успееме, блиску сме до излезни решенија. Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен. За Македонија нема друга мисија, мора да сме трпеливи, ова мора сега да го решиме. Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме тимовите работат, бараат решение. Не следи проблемот со македонскиот јазик уште од почетокот на Договорот, јазичната формула инсистираат секогаш да се користи кога ќе се спомене македонски јазик. Веќе имаме направено отстапка. Ништо не е тајно, очигледно е дека некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија, инсистираме да се користи македонскиот јазик според Договорот. Што значи терминот заедничка историја? Анализите по Договорот беа дека Бугарија доби признание дека сме имале заедничка историја, а ние добивме признавање дека сме два различни народи“ - рече професорот Владо Бучковски во Студио 10.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа