Буџетите на Естонија и Летонија ќе се испразнат за 693 милиони евра - ќе купуваат воени возила

Естонија и Летонија планираат да ги прошират и модернизираат транспортните способности на нивните вооружени сили со заедничко купување воени возила во вкупна вредност од околу 693 милиони евра (729 милиони долари), соопштија денеска естонските власти.

Естонскиот инвестициски центар за одбрана соопшти дека потпишал рамковен договор со локалните претставници на производителите Volvo, Scania и Mercedes Benz. Договорот е со рок од седум години, соопшти органот.

Возилата се од различни типови и големини и треба да се нарачаат и испорачуваат во серии, се вели во соопштението. Меѓу нив ќе има и логистички возила наменети за патен транспорт и тактички возила кои ќе можат да се користат и на терен и на пат. Во првата фаза од набавката треба да се набават близу 400 возила, а првите ќе бидат испорачани следната година, се вели во соопштението.

Естонија и Летонија неодамна ја проширија соработката во секторот за вооружување во светлината на инвазијата на Москва на Украина. Двете соседни балтички земји од ЕУ и НАТО, кои граничат со Русија, се договорија заеднички да го купат системот за воздушна одбрана со среден дострел Ирис-Т од германско производство, пренесе ДПА.

04.10.2023 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега