Буџетска поддршка од 496,7 милиони денари за здруженија и фондации

 Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства за годинава е усвоена на денешната седница на Владата.

Според информацијата, минатата година за оваа намена доделени се 428.903.454 денари финансиска поддршка на 888 здруженија и фондации, а за 2019 година за истата цел се предвидени 496.773.000, соопшти владината прес-служба/

На седницата е усвоена и информација за почнување активности за спроведување на Национална стратегија за мали и средни претпријатија  2018-2023 со Акциски план. Целта на стратегијата е да обезбеди услови за ефикасна имплементација на регулативата и мерките за подобрување на инвестициската клима за домашните мали и средни претпријатија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега