Бугарија ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот до 1 јули

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека вонредната состојба во земјата ќе продолжи до крајот на јуни поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус

Бугарија ги олесни повеќето од рестриктивните мерки воведени во средината на март, при што повторно ги отвори трговските центри и угостителските објекти. Борисов кажа дека владата засега не планира да воведе нови ограничувања, туку само им порача на луѓето да држат дистанца. Носењето маска е задолжително само во јавниот превоз.

„Ги имаме најлибералните мерки на светот и ако успееме, ќе бидеме држава за пример“, кажа Борисов.

Во изминатите 24 часа, во Бугарија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус, по што Борисов објави продолжување на вонредната состојба за уште 15 дена, односно до 1 јули. Во Бугарија досега има 2.889 заразени и 167 починати од КОВИД-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега