Бугарија ќе испрати во Македонија 3 противпожарни возила и 25 пожарникари

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за справување со пожарите што избија на територијата на Република Северна Македонија објави бугарската агенција Бгнес.

Помошта како што е најавено ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево.

Агенциите потсетуваaт дека уште вчера, во телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев изјавил дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата.

04.08.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега