Бугарски европратеници бараат Македонците од Албанија да бидат Бугари

Со амандман на бугарските европратеници Андреј Ковачев од ГЕРБ и Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД, Европскиот парламент денеска е можно да усвои параграф во резолуцијата за Албанија, кој ќе биде директно на штета на Македонците од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа.

На денешната  пленарна седница на европарламентот во Стразбур, 751 европратеник ќе ја потврдат резолуцијата за Албанија. Ковачев и Џамбаски сакаат да протуркаат опасна теза дека македонското малцинство во Албанија е бугарско, пишува Канал5.

           Европарламентот за извештајот за Македонија на известувачот Иво Вајгл ќе расправа на 15 март.

 

 

 

 

15.02.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега