Бугарски новинар тврди: Цела ЕУ ја поддржува Бугарија – цел свет мисли дека Гоце Делчев е Бугарин

Бугарскиот новинар Виктор Канзуров тврди дека целата Европска унија ја поддржува Бугарија иако не се согласува со Софија. Тој во изјава за ТВ 24 рече дека Цел свет мисли оти Гоце Делчев е Бугарин.

-Никаков напредок нема да има во односите со Бугарија, премиерот Заев со изјавата дека се трга придавката бугарски пред фашистички окупатор врши „бојадисување“ на целиот случај. Партизаните во Втората светска војна се бореле против Македонците кои биле дел од бугарската војска, но овие работи се неважни. Лидерите на етничките партии во Македонија се бизнисмени. Можно е во Македонија да има и повеќе Бугари од претходната бројка, но луѓе со бугарска свест во Северна Македонија се малку. Се шпекулира дека 120.000 луѓе имаат државјанство од Бугарија, а се од Македонија, но само мал дел од нив се чувствуваат како Бугари. На пописот нема да излезе дека имам 120.000 Бугари во Македонија. Цела ЕУ ја поддржува Бугарија, иако можеби не се согласува со Бугарија. Цел свет мисли дека Гоце Делчев е Бугарин, а 85% од бугарскиот народ не сака земјата да го одблокира процесот за Македонија да се зачлени во ЕУ, вели Канзуров.

 

28.09.2021 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега