Бугарски притисок врз Претседателот Иванов да потпише промена на името

 

Од Владата во Бугарија потврдија дека се откажани најавените средби на премиерот, Бојко Борисов, и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Од прес службата на бугарската Влада посочуваат дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО не смее да биде доведена под прашање.

„Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашата соседна држава. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасен е и ставот на претседателот на Република Македонија. Бугарската влада не гледа смисла да се користи за внатрешните дебати во Скопје. За иднината и развојот на нашата соседна држава е клучна интеграцијата во ЕУ и НАТО и таа не треба да биде доведена во прашање“, соопштија од таму.

Како што пишуваат бугарските медиуми во меѓу време Захариева го известила претседателот Румен Радев за откажаните средби со Иванов.

Ваквиот потег на бугарската влада во дипломатските кругови се коментира како притисок врз Претседателот Иванов по неговата вчерашна одлука да не го стави потписот на Договорот на Заев и Ципрас.
Иванов вчера рече дека не постои таков притисок кој ќе го натера да го смени ставот и да стави потпис на договор за промена на името на Македонија.

 

 

 

14.06.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега