Close Menu
    Најново

    ВИДЕО: Блесна елката во Скопје

    15.12.2025 во 19:59

    Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда – немам фаворит

    15.12.2025 во 19:57

    Физички нападнати полицајци

    15.12.2025 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВИДЕО: Блесна елката во Скопје
    • Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда – немам фаворит
    • Физички нападнати полицајци
    • Премиерот: Не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот
    • Трамп сака да им се јави на европските лидери
    • Премиерот: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти – темата е измислена од СДС
    • Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 
    • Директен лет Скопје-Прага трипати неделно
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45
    Георг Георгиев, Министер за надворешни работи на Бугарија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Додека Македонија очекува разбирање по сите направени отстапки, официјална Софија не се смета за пречка на македонскиот интегративен пат. Оттаму потенцираат дека условите од кои зависи интеграцијата, се плод на европски консензус.

    „Бугарија има многу јасно структурирана позиција по прашањето за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, европската интеграција, безбедноста на регионот, вземните прекугранични односи“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија ON AIR.

    „Од наша страна, мислам дека нештата се кристално јасни. Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму се што би можело да биде направено како заеднички принос на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено. Но треба да се знае дека членство во ЕУ базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите“, порача Георгиев.

    „Многу е важно да се знае дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов“, потенцира шефот на бугарската дипломатија.

    Како што рече, ова го посочува во случај да постои евентуална цел – доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од европскиот консензус – дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.

    Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус.  Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права. Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија и ги поставува. И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување“, рече Георгиев.

    На оценката на водителката дека „овој аспект отсуствува од дебатата во Скопје, каде пред македонското општество уставните измени се претставуваат како единствен, а не како прв услов“, Георгиев вели дека тој постојано посочувал на тоа.

    „Затоа постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот“, изјави тој.

    Бугарија Георг Георгиев ЕУ Македонија МНР уставни измени
    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.