Бугарскиот премиер Петков поднесе оставка

„БГНЕС“ објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков поднел оставка до Владата на Бугарија.

 

Оставката ја испратил преку курир, откако рано утрово пристигнал во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето.

Минатата недела беше изгласана недоверба во бугарскиот Парламент, по што падна владата со гласовите на ГЕРБ, СДС, Вазраждане и Има таков народ.

Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.

Ако не успее ниту еден обид, претседателот Румен Радев ќе назначи преодна Влада и ќе закаже предвремени избори.

27.06.2022 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега