Бухова: Украдениот пациент од струмичката болница ги имал сите симптоми за корона, ќе се прави постмортен тест

Во вечерашното гостување во дневникот на Сител , директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница бил високо суспектен и ги имал сите симптоми на коронавирус. Таа најави дека ќе се прави постмортен тест. 

„Ова би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам. Тоа што утринава се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава донесен е во Ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид, но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за бриз кој би ја докажал оваа дијагноза“ - рече Сотирова Бухова за Сител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега