Бурниот љубовен живот му предизвикува проблеми: Адвокатите на Берлускони поднесоа тужба против една од неговите девојки

Адвокатите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони поднесоа тужба против една од „неговите девојки“, Џована Ригато, за обид за изнуда.

Ригато од Берлускони побарала прво 500.000, а потоа и еден милион евра, што според адвокатот е изнуда, пишува „Фато Котиодиано“. Девојката е еден од сведоците во судскиот спор против Берлускони, таканаречен „случај Руби“, а според медиумите, таа не е единствената што примила или побарала пари во замена за нејзиното молчење.

Имено, поранешниот премиер и лидер на партијата „Форца Италија“ се гони под обвинение дека имал сексуални односи со малолетничка по име Руби. Тоа е прекарот на Мароканката Карима ел Маруг, која заедно со други девојки учествуваше во таканаречените „елегантни вечери“ во вилата на Берлускони, каде што, според сведочењето, имало проституција, макро и слично.

Ригато, која учествувала на тие собири, тврди дека не изнудува пари, туку бара отштета за сè што претрпела откако била ставена на списокот со сведоци во 2010 година, а потоа обвинета во „судењето Руби“.

Таа тврди дека Берлускони и ветил помош, дури и работа на новинар на една од неговите телевизии и не гледа ништо лошо во тоа бидејќи, според нејзините зборови, „Берлускони е добра и дарежлива личност, кој им помага на оние кои имаат потреба“.

Судењето „Руби“ трае веќе неколку години, а во последно време, сослушувањето се откажуваше неколку пати, бидејќи Берлускони беше во болница еден ден пред судењето под изговор дека ќе изврши здравствени прегледи, или дека не се чувствува добро.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега