Цакај: Честитки за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада која овозможува Албанец премиер

 

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај во телефонски разговор со генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби, го поздравил „историскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада кој овозможува за првпат Албанец да биде премиер“.

-Искажав мои најискрени честитки за историскиот договор што ќе овозможи за првпат премиер Албанец во Северна Македонија, дури иако само 100 дена како почеток, напиша Цакај на Фејсбук.

Тој исто така, наведува дека освен тоа што претседателот на Собранието ќе продолжи да биде Албанец, останува историско достигнување дека дипломатијата на  Македонија ќе ја води Албанец „што е потврда за зајакнувањето на албанскиот фактор“.

Според Цакај, денешниот договор отвора невиден хоризонт за јакнење на Албанците и развој на демократијата во Македонија.

-Честитки до сите Албанци и посебна благодарност до Али Ахмети и Артан Груби за вредната работа што ја направија во однос на зајакнување на албанскиот фактор, демократија и внатрешен развој и евроатлантски процеси во Северна Македонија, посака министерот Цакај, кој по потекло е од Косово.

На крајот шефот на албанската дипломатија гарантира дека со Македонија ќе продолжи одличната билатерална соработка и заедничката работа во рамки на НАТО и кон членството во Европската  Унија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега